17 Декември, 2025
0.0813

Македонија последна, Хрватска прва по странски инвестиции во 2012 година

Објавено во: Економија 20 Август, 2013 10:36

Добивај вести на Viber

Според податоците од годишниот извештај на Конференцијата за развој на Обединети нации (УНЦТАД) Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот. Кампањите на владата да привлече странски инвестиции не и помогнаа да се одлепи од дното на списокот на земјите во регионот по бројката на странските инвестиции.

Извештајот на Конференцијата на ООН за развој (UNCTAD) покажува дека на прво место во регионот според странски инвестиции е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари а на последно е Македонија во која истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. По Хрватска како успешна фигурира и Албанија која во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012. Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции. Косово со 298 милиона долара е на 134 место на листата на UNCTAD на која Македонија може да се види дури на 153 позиција. Сепак перформансите на Балканот се и понатаму слаби ако се земе во предвид дека Унгарија која е е во блиското опркужување во 2012 година привлекла 13,5 милијарди долари. Шампион во Европа според бројката на директни странски инвестиции е Велика Британија во која се дојдени преку 62 милијарди долари.

.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?