01 Мај, 2024
0.0252

Македонија прва во светот ја лансира новата HEINEKEN лименка со нов визуелен идентитет

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Жерар Адријан Хајнекен имал визија своето премиум пиво да го издвои од вообичаените пива во шишиња со кафена боја. Сметал дека ова пиво родено во Амстердам, а одгледано од целиот свет, со толку јасен, свеж и природен карактер, најдобро ќе се идентификува со зелена боја. Зеленото шише стана култно обележје на Heineken, а црвената ѕвезда, средновековниот симбол на пиварите и натаму опстојува како основен елемент, но во новиот дизајн на пакувањето е уште повидлива и поважна, како симбол на гордоста и смелоста на ова премиум пиво.

Промената на визуелниот идентитет на Heineken на глобално ниво како резултат на еволуцијата на брендот ја донесе Heineken лименката со нов визуелен идентитет први во свет во рацете да ја имаме ние, Македонците.

И во оваа еволуција на дизајнот, зелената боја е уште поистакната и попрефинета, дури и  знамето, за кое се користеше црна боја, сега е зелено. Ѕвездата e уште позабележлива и со повеќе гордост и доверба го покажува квалитетот, симболот на Хајнекен.

Многу детали се прилагодени на многу суптилен начин и ја нагласуваат прогресивната природа на брендот, зајакнувајќи ја неговата култна позиција, притоа останувајќи верен на своите автентични корени.

„Ова премиум пиво се точи повеќе од 140 години, а дневно се пијат 25 милиони Heineken-а во 192 земји во светот. Heineken секогаш бил предводник на промените, оној кој ја диктира играта и воведува нови правила, а потрошувачите ја препознаваат и ја наградуваат таа особеност . Тоа го потврдува и истражувањето од „Brand Health Tracker-от спроведено од компанијата TNS“, кој го идентификува Heineken како најпосакуваниот интернационален пивски премиум бренд во Македонија. Среќни сме и горди што токму Македонските потрошувачи први во светот ќе го видат Heinekeн во нова амбалажа“ - изјави Душко Атанасовски, Сениор Бренд Менаџер во Пивара Скопје.

“Heineken е толку препознатлив по својот дизајн уште од 19 век, пред бренд-дизајнот воопшто и да постои. Секоја деценија, секој чекор во еволуцијата на дизајнот, одново ја издигнува прогресивната и култна вредност на брендот. Heineken не ги инспирира само потрошувачите, туку нé инспирира и нас што го живееме и го сакаме. Тоа е таа вистинска моќ на брендот. Луѓето ја чувствуваат нашата посветеност и  страст за пивото, за уживањето, нашата жар во креирањето и на најмалите детали од логото на Heinekeн и секако во Heineken“ - изјави Марк Ван Итерсон, Глобален Директор за дизајн на Heineken.

Во согласност со својата бренд-филозофија Heineken постојано инсистира на иновативен пристап кон пазарот и кон потрошувачите.

Страста за квалитет, Уживањето и Почитувањето на индивидуите, општеството и на планетата, со што ја одржува и одново ја потврдува титулата на водечко премиум пиво.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор