Македонија сепак е далеку од италијанското сценарио
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Во однос на коронавирусот, Македонија сепак е далеку од италијанското сценарио.
Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ оцени дека земјава е далеку од италијанско сценарио каде на почетокот на епидемијата немаше место во болниците со оглед на тоа што инфективните одделенија низ државава веќе се полни.
Тој објасни дека има разлика помеѓу исполнет болнички капацитет за луѓе на коишто им е потребна респираторна машина и тие на коишто не им е потребна респираторна машина.
За лекарите и медицинскиот персонал, вели дека функционира системот на ротација.
Италијанските здравствени власти вчера објавија дека бројот на официјално регистрирани нови инфекции со новиот коронавирус се зголемил за 5.372 за 24 часа, што е најголем број од 29 март, кога имаше пик на епидемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.