16 Декември, 2025
0.0266

Македонија скокна за 11 места на европскиот здравствен потрошувачки индекс

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2015 15:48

Добивај вести на Viber

 Арне Бјонберг претседателот на СЗО  Куќа на здравјето на потрошувачите  реформите во македонскиот здравствен систем ги оцени како уникатни и според него Македонија има историски напредок на  европскиот здравствен потрошувачки индекс каде бележи скок од 28-то место во 2013 на 16-то место годинава во Европа.

Бјонберг во изјава за МИА им препорачал на сите европски и светски земји да го следат македонскиот случај за здравствени реформи.

- Бев активен во продажба на решенија за здравствениот систем на ИБМ пред 20 години и чекав толку години за да видам некој да направи нешто, а што уште одамна беше технички возможно. Но, поради глупави причини, никој тоа не го стори, додека Македонија не го направи во 2013 година. Најимпресивно е дека го направивте, бидејќи она што го прави системот е да го елиминира времето за чекање во здравствениот систем. Никој друг нема ништо слично на она што го има Македонија во здравствениот систем. Има почетни напори во некои земји, исто така во Источна Европа, но нема ништо што воопшто може да се спореди со вашиот случај, дециден е експертот за здравство, Бјонберг, кој присуствуваше на денешното претставување на најновиот Индекс на независното тело за мониторинг на шведската невладина здравствена фондација ЕХЦИ, што го претстави еврокомесарот за здравство, Витенис Андриукаитис.

Министерот Тодоров пак потенцирал дека една од клучните работи што е земена како успешна реформа на македонскиот здравствен систем е електронскиот систем Мој термин, што е високо оценет како еден уникатен европски систем.

– Денеска слушнавме дека го препорачуваат и како систем што би требало да биде имплементиран и во многу други европски земји, додава македонскиот министер за здравство.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“