Македонија треба времено дa го замрзне спорот со Бугарија до март 2021
Објавено во: Македонија, Колумни 29 Ноември, 2020 08:24
Се наоѓаме во период кога Бугарија нѐ уценува да признаеме дека нашите корени се бугарски, македонскиот јазик е западнобугарски дијалект и дека Македонците во Бугарија не постојат и ако Судот во Стразбур го кажува токму спротивното. Срамни барања за една држава-членка на ЕУ која навидум се залага за добрососедски односи, а во пракса се заканува и уценува. Маските се паднати, Бугарија со овој потег само ги потврди сомневањата во Македонија дека Бугарите никогаш безусловно не нѐ поддржувале нас Македонците.
Македонскиот државен врв сега има две опции. Да направи недопустливи отстапки кои задираат во сржта на македонскиот идентитет и државност само за да ги задоволи великобугарските експанзионистички барања со цел да отпочнеме преговорисо ЕУ. Или да почекаме до март идната година, за кога се очекува да се случат големи промени на меѓународната сцена во наша полза и дури тогаш да пристапиме кон решавање на спорот соБугарија.
Што ќе се случува на меѓународна сцена во наредниов период?
Во месец јануари ќе се одржи инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден кој доаѓа од редовите на Демократската партија што е позната по својата интервенционистичка политика во надворешните односи. Со други зборови, праксата покажува дека САД под водство на демократски претседател се склони кон користење на американската булдожер дипломатија во служба на остварување на нивните национални интереси. Добропознато е дека национален интерес на САД е Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, став што беше потврден пред скоро време од страна на американскиот Стејт департмент кој експлицитно ја повика официјална Софија да го реши спорот со Македонија надвор од пристапниот процес на ЕУ. Просто кажано, правете што ќе правите, но не ја блокирајте Македонија.
Понатаму, во месец март во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Општопознато е дека националистичката реторика е во пораст пред и за време на изборен процес. Ова правило важи и за Бугарија, што за нас е особено важно ако се земе предвид дека радикалната ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов е дел од владата предводена од ГЕРБ на Бојко Борисов. Откако ќе заврши изборната кампања и ќе се соопштат изборните резултати за очекување е да стивне и национализмот директно поттикнат од бугарските власти и да почнат поразумно да преговараат со Македонија во рамки на воспоставените меѓународни норми и правила.
За крај,опстојувањето на нашите позиции и бранењето на македонските црвени линии од страна на Пендаровски, Заев, Османи и Димитров за дополнителни 4-5 месеци ќе покаже дека Македонија не е спремна да преговара за идентитетските прашања, кои меѓу другото беа потврдени од Грција со Преспанскиот договор и како такви фигурираат и во личната карта на Република Северна Македонија во ООН. Овој чекор за возврат и ќе ни ги зголеми шансите да извадиме подобар резултат во овој меѓународен спор.
Македонија чекаше речиси 30 години за надминување на разликите околу името со нашиот јужен сосед, затоа не треба да ни преставува голем проблем да почекаме уште неколку месеци со цел целосно разобличување на бугарските позиции и поповолно решавање на спорот со нашиот источен сосед.
М-р Филип Ивановски
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




