29 Јуни, 2024
0.2147

Македонија2025: Заврши осмото издание на образовната програма Лидер

Објавено во: Економија 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Денес во организација на Македонија2025 се одржа завршната церемонија  на ЛИДЕР проектот. Канадската Амбасада на Србија, Македонија и Црна Гора е големи поддржувач на овој проект, а на церемонијата присуствуваше и Н.Е. Филип Пинингтон.

Со ова навршува десетдневната интензивна програма за деловни вештини и аналитика која е градена според МБА програмата на познатото школо за бизнис Ричард Ајви од Канада. Со одржувањето на петминутна презентација учесниците го претставија својот бизнис план, во кој беа вклопени новостекнатите знаења и вештини. Успешното комплетирање на финалната презентација и воедно на програмата, на учесниците им донесе меѓународно признаен сертификат со печатот на школото за бизнис Ричард Ајви.

Инструкторите на ЛИДЕР проектот, кои се магистранти по бизнис и администрација на Ричард Ајви, имаат богато работно искуство во области како развој на рудници, цивилно инженерство, капитални инвестиции и тргување со валути. Тие потенцираа дека учесниците на програмата располагаат со солидно знаење, но дека им е потребна насока, подобри аналитички вештини и истрајност на патот на нивниот напредок во кариерата. Џон Лазароу, кои има шеснаесетгодишно искуство во Голдман Сакс во Њујорк, изјави дека учесниците треба да продолжат да учат и да вежбаат: „Повеќето од учесниците, на почетокот на програмата, не беа убедливи во претставувањето на приказната за нивната идеја или производ, но по само два или три дена видов неверојатно подобрување кое продолжи да се одвива во уште подобри насоки. Можам да кажам дека наидов на многу квалитетни идеи и многу убедливи презентации“.

Елена Ѓоревска, Директор за финансии на домот за грижа на стари лица, Идила – Терзиева, кажа дека ЛИДЕР проектот и ги прошири хоризонтите и ја поттикна да размислува надвор од типичните шаблони. „Како млади професионалци имаме апетит за нови знаења. Тоа се покажа за време на обуките. Преку стекнувањето на нови вештини и аналитички увиди јас можам реално да ги реализирам идеите и промените што сакам да ги применам во мојата компанија. Задоволна сум од групните дискусии затоа што ми стана толку очигледно колку можеме да научиме едни од други. Младите во Македонија едноставно треба да бидат отворени на позитивните веројатности и истрајни кога се на самиот почеток на кариерата“.

Македонија2025 доби поттикнувачки фидбек од амбасадата за опсежната организација како и за инволвираноста на учесниците, кои покажаа посветеност и амбиција да напредуваат во кариерата како претприемачи и менаџери. Имаме меѓусебна согласност со Амбасадата дека со одржувањето на ЛИДЕР проектот Македонија напредува во соработката со Канада, за која има потенцијали да влијае позитивно врз развојот на нашата земја.

Од организаторот, Македонија2025, потенцираат дека се воодушевени од целата програма и од личниот анагажман на канадските инструктори кои покажаа голема посветеност во пренесувањето на своите знаења. Билјана Марковиќ, директорот на Македонија2025, изјави дека „Учесниците одлично се поврзаа меѓусебно и допринесоа за работна атмосфера која беше на највисоко ниво. Македонските професионалци покажаа голема посветеност кон личен развој и напредок на нивниот бизнис. Верувавме дека со ваков пристап пред Македонија претстои голема економска експанзија на компаниите подготвени за настап на странските пазари. Во текот на овие десет дена слушнавме феноменални идеи и желба за конструктивна промена на приодот што овие луѓе го имаат кон бизнисот, како и лична надоградба на вештините што несомнено се користат во секојдневниот професионален живот“.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба