16 Јануари, 2025
0.0378

Македонска работа: ем невработени, ем плата од буџет да земаат!

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Агенцијата за вработување се уште трае пререгистрацијата на невработените лица која треба да дефинира, кои од тие на списокот активно бараат работа, а кои, само се пријавуваат. Досега  обрасци потполниле 5.000 невработени лица од кои дури 55% веднаш се изјасниле  дека не бараат работа. Власта тврди дека најновата пререгистрација на невработените треба да придонесе за да се добие реална слика за пазарот на трудот во земјава. Со тоа што ќе се знае дали невработените активно бараат работа и каква работа всушност би прифатиле, ќе и се олеснел и патот на Агенцијата за вработување да им најде таква работа. Обврска на секое евидентирано невработено лице е да пополнат образец, во кој наведуваат, образование, работни искуства, вештини-  нешто што наликува на CV. Експертите велат дека ваквата мерка веќе се применува во некои западни земји каде ја дала реалната слика за структурата на невработените во земјата. „Во Велика Британија има по еден советник на секој невработен кој е задолжен да ја знае цела негова историја, што е добро, заради моментот за преквалификација на тие невработени. Така се прави вистинско разделување на тие што вистински бараат работа и тие што се пријавуваат само за социјални бенефиции“, вели професорот Јован Пејковски. Во Агенцијата за вработување објаснуваат дека оние кои ќе се изјаснат дека не бараат работа нема да бидат избришани од евиденција туку Агенцијата ќе престане да им посредува при барањето работа. Сите сакаат канцеларија Во моментот, иако се уште трае пререгистрацијата на невработените лица, според првичните податоци, најголем процент од невработените бараат административна работа. Ова го потврдува и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, кој за Фактор вели дека дури 55% од невработените се изјасниле дека не бараат работа, а повеќето од тие пак, што бараат работа, би прифатиле само работа во државната администрација. „Ние веќе во Скопје, Тетово, и Куманово почнавме со правење на такви индивидуални планови за невработените, односно вработените во Агенцијата ги повикуваат и ги распрашуваат за што се стручни да работат и каква алтернативна работа би прифатиле. На пример, ако сакаат да бидат заварувачи а немаат сертификат за тоа, да знаеме да им обезбедиме такви обуки. Лошото е што е до сега повеќето се изјаснуваат дека сакаат да работат во администрација наместо во приватен сектор,  или пак сакаат работа за која не се соодветни“, вели Поповски. Досега, 5.000 невработени лица пополниле обрасци, од кои  само 44% се изјасниле дека активно бараат работа. И компаниите го имаат детектирано проблемот на пазарот на труд, каде што тешко обезбедуваат соодветен кадар. Ова го потврдуваат и приватните агенции за вработување од каде објаснуваат дека младите најчесто бараат работа која нема многу одговорности. „ Ова е наша лична констатација и малку не плаши бидејќи основата на секое општество е секоја нова генерација да е похрабра во претприемништвото  инвентивноста и мислам дека младите имаат страв да се обидат да создадат свој бренд“, вели Дарко Велков, сопственик на vrabotuvanje.com Статистиката веќе покажа дека само во третото тримесечје лани, во земјава имало близу 5.000 слободни работни места, најмногу во преработувачката индустрија,трговијата, градежништвото и јавната управа. Многу буџетски пари за поттикнување на вработувањето, малку успех Во моментов, во Македонија има 245 илјади невработени, и стапка на невработеност од 30,6% што е меѓу највисоките во регионот. Очекувањата на Владата се дека годинава бројот на вработени ќе се зголеми за 0,8%, што ќе резултира со мало намалување на стапката на невработеност. Очекувањата се темелат на најавите на поголем број странски инвеститори дека годинава ќе отворат повеќе работни места. Инаку, според оперативниот план за поддршка при вработување, што Владата го усвои на последната седница, годинава, со владина поддршка треба да бидат вработени над 2.000 луѓе, за што ќе се одвојат седум милиони евра од Буџетот. Директно финансиски ќе се поддржува вработувањата на лицата преку давање на неповратни средства, преку субвенционирање на дел од платата и преку плаќање на целата плата или плаќање на придонесите. С.Ј.Н

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања