30 Март, 2025
0.0329

МАКЕДОНСКИ БРЕНДОВИ НА ПОЛИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: не се продаваат во сите маркети, но сепак ги има, еве колку чинат дел од нив

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2024 10:04

Добивај вести на Viber

Дел од познатите македонски производи кои веќе имаат изграден имиџ или бренд, особено во нашата земја, се присутни и на пазарот во Германија.

Низ полиците во маркетите во оваа европска земја, каде изборот на продукти е многу разновиден можат да се најдат и дел од нашите препознатливи производи како што се омилениот флипс на „Стоби Флипс“, а од нивниот асортиман го има и чоколадираниот флипс. Но, низ рафтовите на дел од продавниците, кои претежно се специјализирани за продукти од балканот или за продукти од Труција се наоѓаат и кафе „Браво, но и нашите специјалитети од пиперка, па секој може да си купи тегла „Мамас“ или „Баш ајвар“, но и слатките задоволства на „Sunday“.

Но, цените на овие производи во некои маркети се три пати повисоки отколку во Македонија.

Па така 500 грама баклава на „Sunday“ чини шест евра или скоро 370 денари, тела „Мамас“ од 290 грама исто така се продава за шест евра, додека теглите од 550 грама чинат 9 евра. Малку поевтини се пакувањата на „Баш ајвар“, чија тегла тежи 530 грама и чини 7 евра. Малото пакување „Стоби флипс“ чини 60 центи, но чоколадираниот флипс од 150 грама се продава по цена од 2.49 евра. Половина килограм кафе „Браво“ чини 8 евра или 490 денари.

Вреди да се напомене дека нашите производи ги има исклучиво во балкански продавници кои се ретки, а некои од нив може да се најдат и во турските продавници, кои ги има во секое гратче низ Германија.

За разлика од македонските производи, дел од веќе големите балкански брендови од земјите некогашни членки на Југославија ги има почесто низ маркетите во Германија.

Па така на пример познатата „Вегета“ се среќава и во големите трговски синџири како „Кауфленд“, „Едека“ и „Лидл“, но ја има и во турските и балканските продавнци.

Зависно од популацијата во одредена наслеба, дел од големите германски маркети ги продаваат и балканските производи, очигледно на барање на многубројните иселеници во земјата.

Турските продавниции пак, преферираат турски продукти, каде пред се се фаворизираат производи кои се произведени во Турција, а низ нивните полици се наоѓаат балкански производи кои не ги имаат во производство како што е препознатливата кокошкина супа на „Подравка“, и  чија цена во Германија достигнува едно евро.

Но, за сите љубители на традиционалното кафе, во Германија има повеќе маркети каде се продава „Гранд“ кафе, но и други типови на наши кафиња. А тука се наоѓаа и смоките на „Соко штарк“ како и дел од кондиторските продукти кои и во Македонија се многу барани.

П.О.

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?