19 Декември, 2025
0.0595

Македонски мажи со најдобар стил

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2022 10:22

Добивај вести на Viber

Секој успешен маж, се труди да најде време за својата перфекција, иако нѐ секогаш постои расположение за обрнување посебно внимание на физичкиот изглед, треба да се најде мотив за сопствен стил. Настанот „Мажи на годината“, дава инспирација која остава белег во македонската јавност и се труди и понатаму да ги поттикнува мажите да обрнуваат се поголемо внимание на себе и нивниот печат во општеството.

Изборот „Мажи на годината“, последната недела од месец ноември оваа година ќе го има своето јубилејно петто издание, каде  ќе имаме повторно можност да проследиме кои мажи со стил оставиле најголем впечаток. 

На овој гламурозен настан, награди се доделуваат во 13 категории, но сепак само еден ќе ја  добие наградата  „Маж со најдобар стил“ како круна на својот труд, да остави впечаток и пример на стилски среден маж во нашата околина. „Оваа награда ја доделуваме да стимулираме подобар стил кај мажите во Македонија и да ги поттикнеме да се грижат за себе и својот изглед без разлика дали пазаруваат, одат на бизнис состанок или во кино“ велат организаторите.

Непосредно пред да се одржи петтото издание, би сакале да се потсетиме кои се личностите што ја добија наградата „Маж со најдобар стил“ во изминатите четири години.

Оваа награда во 2018 година ја понесе господинот Никола Димитров, маж со сопствен впечатлив стил кој е пример како еден политичар треба да изгледа во политичкиот свет.

Во 2019 година наградата ја доби Енвер Малиќи, кој остави трага на господин и џентлмен кој долго ќе се памети.

Во 2020 година наградата му припадна на архитектот Пако Радовановиќ. Секој што го сретнал по скопските улици несомнено ќе каже дека е секогаш стилски дотеран од глава до пети, својата креативност ја надополнува со негување на традиционалните вредности кои вели дека се основата на џентлменството. 

Во 2021 година наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби Злате Мехмедовиќ, докторот со префинет моден стил, човек кој надвор од своите секојдневни обврски секогаш се стреми да постигне подобра верзија од себе и својот стил.

„И покрај сите предизвици со кои се соочивме во текот на годините, нашиот настан успеа да стане нешто по кое се препознаваат џентлмените, успешните и почитувани мажи, оние кои негуваат добри навики и целат кон успех во Македонија, горди сме што секоја година креираме настан со кој успеваме да им одадеме почит и внимание на оние кои оставиле белег во годината која е зад нас. – велат организаторите од Џентлмен Магазин.

Како и секоја, така и оваа година за наградата ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 членови. 

Подгответе се за овој јубилеен спектакл во ноември, за заеднички да го прославиме успехот на мажите кои придонесуваат за поубаво општество за сите идни генерации.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“