19 Декември, 2025
0.2413

Македонски Телеком ја распредели дивидендата

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2014 14:43

Добивај вести на Viber

Вкупно околу 44,2 милиони евра дивиденда ќе исплатат Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија за 2013 година, одлучи Годишното акционерско собрание на компаниите. Бруто износот на дивиденда по акција е 31,49 денари во кој е вклучен данокот на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо, објавија од компанијата.Оваа добивка е помала од претходните години - лани беше поделена дивиденда од 65 милиони евра, а во 2012 година - повеќе од 71 милион евра. Согласно овие пресметки во државната каса годинава ќе се слеат 15,3 милиони евра од дивиденда на телекомуникацискиот оператор, со оглед на тоа што и државата е еден од акционерите во Телекомот и поседува удел од 34,81% во компанијата. Според најавите, исплатата ќе се врши во текот на последната недела на април. Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2013, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија за 2013 година. Собранието на Т-Мобиле Македонија и Собранието на Македонски Телеком на својата денешна седница ја констатираа оставката на Јанош Сабо и Михај Немет од позицијата неизвршни членови на Одборите на директори и го разрешија Тамош Вагани од позицијата независен неизвршен член на Одборите на директори, почнувајќи од 1 април, 2014 година. За нови неизвршни членови на Одборите на директори на двете Друштва се избрани: Атила Кесег и Михаел Франк, а за нов независен незивршен член на Одборите на директори е избран Франк Полц, сите со мандат од четири години, почнувајќи од 1 април, 2014 година.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција