22 Ноември, 2024
0.3706

Македонскиот авио-регулатор на патниците ќе им наплаќа до едно евро од полетување

Објавено во: Економија 17 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Агенцијата за цивилно воздухопловство во иднина ќе наплаќа до едно евро од патник кој ќе полета од македонските аеродроми, според новата драфт-верзија на законот за воздухопловство кој се предлага и за кој допрва треба да се дебатира.

Покрај редовните финансиски приходи на овој регулатор кој ги добива од контролата на летање, издавањето на исправи, надоместоци за преглед на воздухоплов и подготовка на персоналот, се предлага и надоместок од секој патник во заминување од аеродромите за, како што се вели, потребите на Агенцијата и за унапредување на воздухопловството.

„Еврото“ ќе се наплаќа од воздухопловните компании, а ќе биде посебно издвоена како трошок на авионските билети.

„Надоместокот авиопревозниците го наплатуваат во свое име, а за сметка на Агенцијата. Овој надоместок не е предмет на оданочување и не претставува приход на авиопревозниците. Авиопревозниците на барање на Агенцијата и доставуваат извештај за бројот на превезени патници во заминување од аеродромите во Република Северна Македонија, за бројот на патници кои се изземени од плаќање на надоместокот од став (1) алинеја 5 на овој член, како и за вкупниот износ на наплатениот надоместок“, се вели во новиот закон кој го предлага Министерството за транспорт и врски.

Оваа такса нема да се наплаќа од патниците кои транзитираат и од децата помали од две години, но и од патници кои летаат со авион со помалку од 20 седишта.

Операторот на аердромите до агенцијата секој месец ќе доставува извештај на патници за секој авиопревозник посебно, а потоа ќе им биде доставена фактура на компаниите  со рок на плаќање од 15 дена.

Доколку авиопревозниците одбијат да платат, македонскиот регулатор може да ги забрани нивните воздухоплови во македонскиот воздушен простор или да забрани летање на авиопревозникот.

„Средствата се уплаќаат на сметка на Агенцијата, а се користат за функционирање на Агенцијата, инвестиционо и тековно одржување, за обука и стручно усовршување на вработените и за унапредување на воздухопловството“, се вели во еден од членовите на законот.

Инаку пред ковид-периодот, македонските аеродроми во 2019 забележаа рекордни 2,67 милиони патници.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria