05 Декември, 2025
0.0404

Македонските банки пркосат на кризата: Кредитите се проблематични, ама профитите растат!

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

Од добивки што се бројат во милиони евра – позитивни салда од стотици илјади евра. Банките ги обелоденија финансиските показатели за своето работење во првите девет месеци од оваа година. И покрај намалувањето на активните и пасивните каматни стапки, банките прикажаа раст на нето приходите од камата. Проблематичните кредити и спорните побарувања и натаму се книжат во банкарските билански. Еве што содржат неревидираните биланси на успех на дел од банкарските групации во земјава :

Стопанска Банка: голем ќар, раст на приходите од камати!  

Заклучно со септември, Стопанска Банка – Скопје, која е во доминантна сопственост на грчката групација НБГ прикажа добивка пред оданочување од 13,2 милиони евра. Стопанска Банка во првите девет месеци од годинва во споредба со истиот период лани, прикажа позитивен финансиски резултат поголем за 34,6%.

“Во текот на изминатите девет месеци од 2013 та година, Стопанска Банка оствари добивка пред издвојување на резервации од 23,9 милиони евра. Во овој период издвоени се резервации од 10,6 милиони евра, во прилог на веќе воспоставеното виско ниво на сигурност и стабилност на Банката. По издвоените резервации, финансискиот резултат, односно добивката на банката пред оданочување изнесува 13,3 милиони евра.“ – пишува менаџментот на банката.

За едно тромесечје, или од јули до септември, Стопанска Банка оствари раст на нето приходите во вредност од 5,2 милиони евра.

Банката прикажа раст на нето-приходите од камати за 9,8%, кои заклучно со септември изнесуваат нешто повеќе од 11 милиони евра.  Од провизии и надоместоци, Стопанска Банка оставрила нето приход од 10,8 милиони евра. Во првите девет месеци од годинава во споредба со истиот период лани, банката прикажа зголемување на административните расходи за 5,3%.

Комерцијална банка: загубата се намалува, рекорден прилив од камати!

Со загуба од 4,75 милиони евра, Комерцијална Банка го заврши деветте месеци од оваа банкарска година. И покрај влошеното кредитно портфолио и дополнителната исправка на вредноста, банката успеа да ја намали загубата.

“Негативниот финансиски резултат е остварен во услови на влошување на кредитното портфолио, поради што дполнителната исправка на вредност на финансиските средства е за 42,8% поголема во однос на истиот период лани. Во изминатиот период банката успеа да го намали негативниот финансиски резултат.“ – оценува менаџментот на Комерцијална Банка и додава :

Исправката на вредност не значи дефинитивна загуба поради оштетување на споменатите пласмани, при што, доколку се подобрат состојбите со клиентите и делумно или целосно се наплатат побарувањата, ќе дојде до корекција, односно ослободување од исправката на вредност“.

За разлика од другите банки, Комерцијална Банка во дветте месеци работење во оваа банкарска година само по основ на камати обезбедила нето-прилив од 35 милиони евра. Засилен раст на приходите од камати прикажува во третото тромесечје, или од јули до септември нето-приходите од камата пораснале за 12 милиони евра. Растот на нето-приходите од камати изнесува скоро 2% во споредба со деветте месеци од 2012 та година.

“Остварените нето-приходи од камати бележат пораст од 1,9% во однос на остварените нето-приходи во истиот период лани и покрај континуираното намалување на каматните стапки“ – коментира менаџментот на банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се намалени за 2,7% додека кај ставката “останати приходи од работење“ има раст од 1,3%. Во исто време, банакта прикажа зголемување на оперативните расходи за 4,3%.

Во првата половина од оваа банкарска година, Комерцијална Банка прикажа загуба од околу 6,5 милиони евра. Во истиот овој период, банката е во “интензивен“ откуп на домашни хартии од вредност, па така салдото на вложени пари во овој инструмент изнесува скоро 89 милиони евра. Во споредба со ланското полугодие, кога ова салдо изнесувало само 6 милиони евра, годинава Комерцијална Банка се врти кон неризичните вложувања преку записи, иако се нудат со пониска камата.

Стопанска Банка- Битола: од негатива – во позитива!

Во првите девет месеци од годинава, Стопанска Банка Битола, полека но сигурно успеа да излезе од негатива. Банката прикажа добивка од 182 илјади евра. Овој показател следува откако битолската банка успеа да прикаже подобар финансиски резултат од 4,3 милиони евра во однос на лани, истиот период.

Според менаџментот на банката, овоие бројки се должат, пред се, на ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето-основа од 4,9 милиони евра, што пак е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетните побарувања и намалување на нефункционалните кредити.

“Уште позначајно е што овој резултат го постигнуваме во услови на неповолна економска состојба во земјата и светот, кога финансиските институции с` уште ги трпат последиците од светската финансиска криза. Во идниот период, Стопанска банка АД Битола ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот. Истовремено, ќе настојуваме да го одржиме трендот на раст на нето-приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат“ – оцени менаџментот на  Стопанска банка АД Битола.

Зголемување на приходите Стопанска банка Битола оствари и кај каматите, каде има зголемување од 121 000 евра, споредено со истиот период лани. Исто така како позитивен тренд во работењето на банката можат да се забележат остварените приходи од провизии и надоместоци кои се зголемени за 37,3 отсто додека расходите за провизии и надомести се намалени за 37,8 отсто.

ТТК Банка: раст на приходи од камати и провизии!

Позитива во билансот и раст на нето-приходите прикажа ТТК Банка во првите девет месеци од годинава. Според податоците од неревидираниот Биланс на успех, банката прикажа финасиски резултат од 110 389 евра, што во однос на лани истиот период претставува раст од 3,1%. Во истиот период, банката објави дека оставрила добивка пред оданочување во вредност од 500 илјади евра.

“Остарениот кумулативен финансиски резултат заклучно со септември 2013 та година изнесува 30 845 000 денари, кој е за 28% повисок во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период, лани, како резултат на зголемената оперативна ефикасност, доброто управување со каматната политика и одржување на квалитетот на кредитното портфолио.“ – соопшти менаџментот на банката.

ТТК Банка прикажа раст од 19,3% на оставрените нето-приходи од камата, и покрај тоа што банката континуирано ги намалувала активните и пасивните каматни стапки. Нето-приходите од провизии и надоместоци во деветте месеци од годинава во споредба со истиот период лани се зголемиле за 2,8% пред се како резултат на оставрените провизии од домашниот платен промет. Во истиот споредбен период, банката ги намалила оперативните расходи за 4,3%.

Банката информира дека издвоените исправки на вредност во однос на лани бележат намалување како резултат на мерките за подобрување на наплатата.

“Загубата поради оштетување на преземените средства на Банката на нето-основа изнесува 71 894 илјади денари и истата бележи зголемување во однос на истиот период минатата година, кое се должи на оштетувањето на преземените средства врз основа на ненаплатените побарувања. “ – велат од ТТК Банка.

А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката