Македонските фирми ги вадат парите од банките за да можат да ја преживеат кризата!
Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2013 07:45
Вкупните депозити во банките во јануари изнесуваат 3 милијарди 963 милиони евра. Според последните податоци што ги објави Народната Банка, во првиот месец од годинава во однос на декември се забележува намалување на салдото на вкупните депозити за речиси 2 милиони евра.
Анализирано од аспект на валутната структура, намалување има кај денарските депозити чие салдо во јануари изнесува 2,1 милијарда евра. За разлика од денарските, во јануари се забележува тренд на пораст кај девизните заштеди кои изнесуваат 1,8 милијарди евра.
Вкупни депозити 3,9 милијарди евра
Денарски депозити 2,1 милијарда евра
Девизни депозити 1,8 милијарди евра
Почетокот на годината е во знакот на топење на депозитната база на приватниот и јавниот сектор, додека кај домаќинствата се забележува раст на штедните влогови. Така вкупните депозити на приватниот и јавниот сектор изнесува 912 милиони евра и во однос на декември има намалување за 14,7 милиони евра.
И минатата година беше регистриран тренд на намалување на депозитната база на приватниот сектор. Како причина за ова, според економистите и банкарите беше кризата и влошената ликвидносна кондиција на фирмите кои ги повлекуваа депозитите за да ја амортизираат финансиската состојба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





