05 Декември, 2025
0.0708

Македонците чуваат 956,5 милиони евра во депозити во „Комерцијална банка“

Објавено во: Финансии 26 Март, 2015 08:03

Добивај вести на Viber

Ревидираниот финансиски извештај, потпишан од независен овластен ревизор, покажува дека за една година од крајот на 2013 година до крајот на 2014 година граѓаните ги зголемиле нивните заштеди воКомерцијална банказа 65,1 милиони евра, а банката за камати им исплатила 15 милиони евра! Македонските граѓани во „Комерцијална банка“ чуваат 58,93 милијарди денари (околу 956,5 милиони евра) во орочени или по видување депозити, а тоа е 65,1 милиони евра повеќе од тоа што го имале на своите штедни книшки на крајот на 2013 година, покажуваат податоците од поединечниот ревидиран финансиски извештај на деловната банка која има најмногу заштеди во Република Македонија. Податоците од извештајот, што денеска банката го објави на интернет страницата на Македонската берза, покажуваат дека „Комерцијална банка“ лани на своите штедачи – домашни физички лица, класифицирани во извештајот како домаќинства, им исплатила 15 милиони евра само по основ на камати за нивните штедни влогови. Износот на камати за домаќиствата што го платила „Комерцијална банка“ бележи пад од 161,4 милиони денари (2,62 милиони евра) во однос на исплатените средства за камати на домаќинства во 2013 година кои изнесувале 1,08 милијарди денари (17,62 милиони евра). Намалениот износ на исплатени камати се случува во период кога расте износот на заштеди на граѓаните, а е резултат на намалените каматни стапки воопшто во банкарскиот сектор во земјава. „Комерцијална банка“ забележа рекордно висок износ на депонирани влогови во 2014 година, во годината кога одбележа 60 години од своето основање, и тој износ на 31 декември според ревидираниот извештај на независните ревизори изнесува 79,9 милијарди денари (речиси 1,3 милијарди евра). Со тоа „Комерцијална банка“ на крајот на 2014 година е банка со најмногу депозити (н.з. на други коминтенти ставка од која се исклучени само депозитите на банките) во споредба со своите најголеми ривали – големите македонски банки „Стопанска банка Скопје“ и “НЛБ Тутунска банка“. Како се штеди? Според штедната структура во деловната банка со најголема депозитна база (исклучени банкарските депозити)  Македонците (граѓани, компании и здруженија) на крајот на 2014 година најмногу штеделе во денари. Од депозитната база од дури 43,5 милијарди се во денари што претставува 54,4 отсто од сите депозити. Во споредба со крајот на 2013 година оваа ставка во структурата на депозити бележи фантастичен раст од 5,5 милијарди денари односно бележи раст од 14,5 отсто. Во тростолбната структура втора по големи ставка се заштедите во евра и тие, на крај на 2014 година, се во износ од 30,36 милијарди денари денари, (околу 38 отсто од сите депизити на крај на 2014 година) а во однос на 2013 година пораснале за околу 1,5 милијарди денари. Очигледно е дека голем број коминтенти на банката се одлучиле да поповолните штедни услови за денарско штедење кои ги нуди банката. Депозитната база штедење во американски долари е најмала во штедната структура и изнесува 4 милијарди денари. Таа бележи намалување за 10 отсто во споредба со депозитната база во долари од крајот на 2013 година. komerc

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката