Макфакс: Авировиќ ќе гласа за уставни измени
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018
Пратеничката од СПМ, Владанка Авировиќ, ќе гласа за уставни измени со цел да му се даде шанса на процесот за членство во ЕУ и НАТО, дознава „Макфакс“ од извори блиски на пратеничката.
За разлика од Авировиќ, пратеникот Стојан Миланов се откажа од правото на дискусија на пленарната седница, заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата за уставни измени денеска требаше да почне во 12 часот, но почетокот е одложен за во 15 часот. Сè уште е неизвесно дали денеска ќе се гласа.