„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2025 13:34
Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што и укажува популарното „емоџи“ во името, целта на ова шоу ехуморот, но пренесен низ размислувањата на најмладите.
- Начинот на којшто децата комуницираат, на којшто ги опишуваат работите со типично свои, оригинални, зборови, е неизмерно богатство и токму тоа е клучна инспирација за оваа емисија. Секогаш е многу забавно да се разговара со нив, особено за оние теми што ние возрасните ги нарекуваме „сериозни“, а за најмладите се нешто сосема поинакво. Тие кон нив не пристапуваат како ние, со некоја тежина, туку им приоѓаат со леснотија и верувам дека баш тоа успеваме да го пренесеме преку емисијата. Без разлика што не се искусни како нас возрасните, ова шоу покажува оти можеме многу да научиме од тој нивен искрен пристап - вели Коцев.
Како општествено-одговорна компанија, една од целите на „Макпетрол“ отсекогаш била да обезбеди поддршка на различни проекти од културната, музичката и од уметничката сфера. Со поддршката на детското шоу „ЛОЛ“, компанијата ја продолжува оваа традиција во насока на внесување свежина во домашниот телевизиски етер, како и овозможување да се слушнат идеите на најмладите генерации.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




