ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024
Скопјани останаа без автобуси. Утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус.
Според пишувањата на некои медиуми, ЈСП е без нафта. Претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сеуште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП, велат од Независниот синдикат на претпријатието. Од таму додаваат дека дека повеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но тоа што денес се случуваше на терен се коси со најавата од Град Скопје. Повторно во утринските часови кога автобусите им се потребни на граѓаните нив ги немаше, а посебно беа погодени подолгите релации кои го поврзуваат едниот со другиот крај на главниот град.
Се огласи и Ѓорѓи Галетановски.
Вели дека ова е срам за градот и за сите што го водат.
„Срам за Град Скопје и за оние што го водат!
И Ова не е само некомпетентност – ова е целосна негрижа за потребите на Скопјани.
Град Скопје заслужува подобро од ова!“, напиша тој.