СЕ ПРОТИВЕШЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА: Руски балетан падна од петти кат и загина
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2024
Руски балетан кој се противеше на војната во Украина почина откако паднал од петти кат.
Владимир Шкљаров, светски познатата руска балетска ѕвезда, почина во саботата откако падна од петти кат во зграда. Неговата смрт ја потврди театарот Мариински во Санкт Петербург, каде што тој настапуваше.
Во деновите откако Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година, Шклјаров јавно зборуваше за мир.
„Јас сум против војната во Украина! Јас сум за народот, за мирно небо над нашите глави!“, го цитираше во објава на Facebook Алексеј Ратмански, поранешен руско-украински балетан. Ратмански, поранешен директор на московскиот балет Бољшој, собирал антивоени пораки од други балетски ѕвезди.
Шкљаров беше во брак со Марија Ширинкина, колешка од Мариински. Со неа имаше две деца.
Повеќе јавни личности кои се противеа на војната, починаа под сомнителни околности.