06 Октомври, 2024
0.0256

МАКСТИЛ Приходот од продажба падна за 15 отсто!

Објавено во: Економија 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

За половина година „Макстил“ за камати и слични расходи платил околу 864.000 евра, а од продажба во странство приходот му се намалил за 25 отсто односно речиси 450 милиони денари ( 7,28 милиони евра) Приходите од продажба на македонскиот металуршки гигант „Макстил“ паднале за 15 отсто во првите шест месеци годинава во споредба со истиот период лани. Тие изнесуваат 1,77 милијарди денари и се пониски за над 300 милиони денари, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех на таа компанија. „Макстил“ во првите шест месеци успеал да ги зголеми приходите од продажба на домашниот пазар за 45 отсто односно за 133 милиони денари до 425,6 милиони денари, но на странските пазари приходите му се намалиле за 448 милиони денари до износ од 1,34 милијарди денари. Компанијата во овој период значајно го намалила обемот на приходи, но и на расходи што укажува на тоа е намален обемот на произвoдство. Кај расходната страна која како збир надминува 2 милијарди денари најголема ставка се трошоците за суровини и други материјали со износ од 1,61 милијарди денари и се пониски за 257 милиони денари во однос на претходната година. Мало намалување има и кај трошоците за вработените (втора по големина ставка кај расходната страна). За вработените на половина година „Макстил“ потрошил 174,4 милиони денари, а лани за истиот период за таа намена трошокот бил 182,3 милиони денари. Со залиха од 541,2 милиони денари на крајот на јуни „Макстил“ успеал да дојде до оперативна добивка од 44,4 милиони денари. Тоа претставува 2,5 отсто од сите приходи од продажба што ги остварила таа компанија во периодот јануари-јуни. Според податоците од билансот на успех „Макстил“ за половина година платил околу 864.000 евра за трошоци кои произлегуваат од камати, курсни разлики и слични трошоци. Тој износ годинава пораснал за 16 отсто во однос на тоа што за таа намена било платено лани во првото полугодие од годината. Наспроти финансиските расходи , финансиските приходи на „Макстил“ за првото полугодие достигнале 11 милиони денари. Нето добивката на компанијата е 1,7 милиони денари и во однос на добивката од првото полугодие лани е повисока за 73 отсто, но сепак во однос на вкупниот приход добивката изнесува само 0,1 отсто. Кај билансот на состојба најважна промена е голем раст на тековните обврски спрема добавувачите. Тие пораснале за 106 отсто во однос на истиот период лани односно за 810 милиони денари. На крајот на јуни годинава вкупните тековни обврски на оваа компанија изнесуваат 4,22 милијарди денари и се повисоки за 6 отсто во однос на првите шест месеци лани. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?