Мал е бројот на девојки кои работат во ИТ секторот
Објавено во: Финансии 22 Април, 2016
Девојките во Србија треба помасовно да се вклучат во ИТ секторот, затоа што само 15% се образуваат во оваа област.
Од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации велат дека мнозинството жители во Србија се жени и треба да бидат побројни во оваа професија. Оттаму велат дека многу девојчиња се интересираат за оваа област, но само 15% се образуваат во оваа сфера и оние кои ќе се запишат завршуваат со високи оценки. Се прават програми за да се привлечат повеќе девојки да се занимаваат со оваа професија, а веќе три години има и преговори со Министерството за образование. Целта е да се воведе предмет програмирање и информатика прилагоден на современите потреби.
Надлежните во Србија, велат дека жените се помалку платени од мажите, помал е бројот на вработени жени од мажи, а меѓу работодавачите жени се само третина и тоа мора да се менува.