Малите фирми во паника – ДДВ-то ќе ги удри по џеб најранливите!
Објавено во: Финансии 29 Јули, 2014 09:17
„Овој закон ќе има директни негативни ефекти особено за малите компании, односно за фамилијарните бизниси. Од оваа постапка на Владата може да се заклучи дека ова законско решение се прави за да најде начин да го полни Буџетот, и покрај тоа што ова ќе биде уште еден удар за бизнисот. Притоа мора да се земат предвид и претходните законски измени што се направија изминатата недела, како што се измиените на законите според кои работниците кои досега биле пријавени со договор на дело ќе треба да платат здравствено и пензиско осигурување, и на овој начин ќе се потикне сивата економија“, вели Арбен Халили од Стопанската комора на Северозапдна Македонија.Сепак од Владата велат дека ова ќе влијае за сузбивање на нелојалната конкуренција.
„Со оваа мерка ќе се зголеми бројот на даночните обврзници кои ќе имаат законска обврска за регистрација за цели на данокот на додадена вредност. Тоа ќе придонесе за намалување на бројот на субјектите кои не пресметуваат ДДВ, а чија дејност овозможува повисока додадена вредност (услужните дејности). Се очекува со ова решение да се обезбеди зголемување на лојалната конкуренција на пазарот“, се наведува во измените на законот за данок на додадена вредност.Пред две години, Владата им должеше огромни суми на компаниите со оглед дека не успеваше навреме да им го врати ДДВ-то. Иако тогаш медиумите постојано аламираа дека Владата има долг за ДДВ кон фирмите, сепак, власта тоа постојано го негираше, но потоа лани и официјално призна дека има долг и дека тој ќе биде вратен согласно одредена динамика. По извесно време Владата успеа да се раздолжи кон компаниите по основ на поврат на ДДВ, а оттогаш нема посериозни поплаки од фирмите дека се доцни со враќањето на ДДВ-то. Инаку во првите три месеци од годинава, од ДДВ во буџетот се слеале 162 милиони евра, што е за 34% повеќе од истиот период минатата година. Според податоците, од УЈП најголем прилив од ДДВ имало во 2011 година, а во следните две години има помали приходи од ДДВ во буџетот. Наплата на ДДВ по години · 2013 година 647 милиони евра · 2012 година 625 милиони евра · 2011 година 686 милиони евра · 2010 година 612 милиони евра · 2009 година 572 милиони евра · 2008 година 588 милиони евра · 2007 година 535 милиони евра · 2006 година 442 милиони евра · 2005 година 440 милиони евра · 2004 година 418 милиони евра Инаку во вториот квартал од годинава во Македонија биле регистрирани 126,175 правни лица, 188,693 вршители на дејност, а од нив 33,719 се даночни обврзници. Според податоците од УЈП, бројот на даночни обрзници од 2004 година па се до 2010 година има раст, а потоа има постојано намалување. Број на даночни обврзници по години · 2013 година 34,710 · 2012 година 35,373 · 2011 година 35,930 · 2010 година 36,492 · 2009 година 36,909 · 2008 година 35,302 · 2007 година 32,995 · 2006 година 31,405 · 2005 година 31,416 · 2004 година 30,706 Изминатата недела пак, беа донесени уште неколку измени на повеќе на закони, а особено голема реакција предизвика задолжителното плаќање на придонеси за пензиско за оние кои добиваат хонорари. Дел до аналитичарите сметаат дека тој потег ќе има негативни ефекти и директно ќе задре во џебот на граѓаните.
„Потегот може да предизвика вработување на хонорарецот, но може да предизвика и повеќе да не биде ангажиран, со оглед дека „цената“ на тоа работно место значајно се зголемува. Алтернативно, ако товарот се пренесе на хонорарецот, тогаш нему ќе му останат помалку средства на располагање, што директно удира врз неговата потрошувачка и стандард. Ако земеме дека тоа се луѓе со пониски приходи и нередовно вработување, тогаш удирате по ранлива категорија граѓани кои и досега некако крпеле. Од една страна да го правите тоа за да го подобрите пензискиот буџет, а од друга да зголемувате пензии и да праќате пензионери на бања, мене ми изгледа неразумно“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.Целата постапка на измените е обвиена со нетранспарентност и недостаток на информации, велат дел од економистите.
„Може да се заклучи дека и понатаму се продолжува со лоша пракса на нетранспарентни јавни финансии и дискрециони носења на политики кои се по правило на исклучивост, а не на консензус. Од оние информации што се пласираат во јавност може да предвидам дека состојбата со фондовите нема да се подобри, а само повеќе луѓе ќе поминат кон ранливост од сиромаштија“, вели Марјан Николов од Центарот за економски анализи.Новите законски правила ќе важат од први јануари следната година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





