Малолетници во Центар обиле багер и со машината оштетиле паркирано возило
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2024
Синоќа во паркот во Капиштец, населба од Општина Центар, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.
Уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета.
Информацијата со прикажани фотографии ја сподели градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.
„Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.
Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.
Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен.