НАШИТЕ МАГАЦИНИ СЕ ПОЛНИ: УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН - Подготвени сме да го запреме протокот на гас од Русија
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2024
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа Икс објави дека Европската унија е подготвена да ги запре испораките од Русија, откако австриската компанија ОМВ објави дека руската државна компанија за производство на природен гас „Гаспром“ престанала да го снабдува со гас.
- Подготвени сме за ова и се подготвивме за зимата. Складиштата на гас во Европската унија се полни - напиша Фон дер Лајен.
Таа додаде дека ден претходно во име на Европската унија им изразила поддршка на канцеларот Карл Нехамер и на Австрија.
Сепак, набавката на руски гас очигледно не е прекината. Москва постојано истакнуваше дека Западот направи сериозна грешка кога ги напушти руските јаглеводороди и падна во нова зависност, па сега тие земји треба да купуваат руска нафта и гас преку посредници и по повисоки цени.
Once again Putin is using energy as a weapon.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) November 16, 2024
He is trying to blackmail Austria & Europe by cutting gas supplies.
We are prepared for this and ready for the winter. Gas storage across the EU is full.
As I told @karlnehammer yesterday Europe stands united in supporting Austria
„Гаспром“, пренесува Ројтерс, одби да го коментира прекинот на протокот кон Австрија, но руската компанија објави дека денеска преку Украина ќе испрати 42,4 милиони кубни метри гас во Европа, исто колку во петокот и секој втор ден. во последните месеци.
Прекинот настана откако ОМВ објави дека ќе престане да плаќа гас на австриската филијала на „Гаспром“ за да ја надомести загубата од 230 милиони евра поради претходниот прекин на испораките на гас за германската подружница, пренесе АП.
Неодамна австриски „Курир“ објави дека рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ испорачува меѓу 80 и 90 отсто од австрискиот гас.
Фото: Принтскрин/Х