19 Декември, 2025
0.0477

Маркетинг агенцијата Brand Union стана Google Partner

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2016 15:20

Добивај вести на Viber

Македонската маркетинг агенција „Brand Union“ од денес е официјален Google Partner.

Brand Union стана дел од одбраното друштво на Google Партнери исполнувајќи ги критериумите за стручност, знаење и покажани долгорочни резултати за своите клиенти со што се најде на листата на Google Партнери: http://bit.ly/BrandUnion_GooglePartners

Google Partners е програма за маркетинг агенции, специјалисти за дигитален маркетинг и консултанти кои работат и менаџираат AdWords онлајн кампањи. За една агенција да стане носител на беџот потребно е да има онлајн професионалци сертифицирани од Google, како и да ги исполнува условите кои ги налага Google вклучително постигнување добри резултати при управување со кампањите на постоечките клиенти на подолг периоди континуирано одржување и зголемување на базата со клиенти.

„Добивањето на Google Partner беџот е потврда за вложениот труд и издвоеното време за усовршување и специјализирање во сите дејности во кои работиме заедно со нашите клиенти. Признанието е резултат на секојдневното партнерско работење со нашите клиенти, следење и оптимизирање на рекламните кампањи, изнаоѓање на креативни решенија, прилагодување на трендовите во онлајн маркетингот како и интегрирање на онлајн активностите во маркетинг кампањите на клиентите со цел да се добијат најдобрите резултати за вложените средства“, изјави Оливер Новески од Brand Union.

Агенциите кои се дел од Google Partners програмата добиваат пристап до дополнителни тренинг програми, настани и промотивни понуди како додадена вредност за постоечките и идните клиенти.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција