МАРТ ДЕФИНИТИВНО НЕ БЕШЕ СУПЕР БЕРЗАНСКИ МЕСЕЦ - стивна тргувањето, цените на акциите се симнаа од „облаците“
Објавено во: Финансии 09 Април, 2025 09:46
Судејќи според берзанскиот билтен, март дефинитивно можеме да го прогласиме, ако не за месец на берзански падови, тогаш сигурно за месец на берзанска стабилизација. Берзанскиот промет се намалил за солидна една третина или за некои 34 проценти, а бројот на трансакции паднал за 22,5 проценти.
Дека цените на акциите се симнаа од „облаците“ на кои се качија почнувајќи од минатата година и продолжувајќи на стартот на оваа, доволно зборува фактот што во март паднал индексот МБИ10, главниот македонски берзански индекс сочинет од најмоќните акционерски друштва, а паднала и пазарната капитализација на околу деведесетина котирани акционерски друштва, за 0,45 отсто, со што сега сите котирани македонски компании, доколку се продадат во исти ден, за нив би се зеле 5,82 милијарди евра.
Намален е и прометот остварен со акциите на капиталците, па така, со акциите на Комерцијална банка се остварил промет од 2,61 милиони евра, со Алкалоид 2,2 милиони, а со акциите на Макпетрол се свртеле 460 илјади евра.
Со акциите н а НЛБ Банка прометот изнесувал 263 илјади евра, а со оние на Стопанска банка Скопје тој бил 217 илјади.
Гранит е со остварен промет од 214 илјади евра, акциите на Реплек направиле 156 илјади, а Европа Скопје 136 илјади.
Најголем раст во март имале акциите на Стопанска банка Битола, за 13,8 отсто, достигнувајќи цена на крајот на третиот месец од годинава од 3.300 денари за акција, а со најголем пад биле акциите на РЖ Економика Скопје, чие намалување е за 42,7 отсто.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





