Мартин Протоѓер завршил на Ургентен, не се појави во Суд
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
Сопругата на Мартин Протоѓер го известила вчера адвокатот на нејзиниот сопруг дека тој завршил на Ургентен. Нема детали што се случило синоќа, но адвокатот Дончо Наков денеска во судот ја покажа медицинската белешка со која го оправда својот клиент кој не се појави во судницата на судењето за случајот „Титаник“ каде тој е еден од обвинетите.
Наков рече и дека судиите можат да проверат со лекарите што и како се случило. Судијата Осман Шабани го закажа следното рочиште за 24 септември.
На денешното рочиште беа присутни сите останати обвинети, односно поранешниот премиер Никола Груевски, чиј шеф на кабинет беше тој, како и екс генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Пустец Едмонд Телемко, пратеникот Илија Димовски, како и Билјана Бришкоска Бошковски, Мунир Пепиќ, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.