05 Декември, 2025
0.2154

МАШАЛА: Граѓаните чуваат 2,5 милијарди евра во трите најголеми банки!

Објавено во: Финансии 28 Април, 2016 08:11

Добивај вести на Viber

Депозитите пораснале за 87,5 милиони евра лани во споредба со 2014 година. Тоа е раст од 3,5 отсто и тоа во услови кога паѓаа каматните стапки. Македонците најмногу пари чуваат во „Комерцијална банка“ – една милијарда евра Македонските граѓани чуваат 155,2 милијарди денари (2,5 милијарди евра) во трите најголеми банки во земјава: НЛБ , „Комерцијална банка“ и во „Стопанска банка Скопје“, на крајот на 2015 година, покажуваат податоците од годишните извештаи на трите најголеми банки кои држат околу 60 отсто од македонскиот банкарски пазар. Од податоците видно е дека депозитите на граѓаните лани во однос на 2014 година се зголемени за 5,4 милијарди денари (87,5 милиони евра) што претставува раст од 3,5 отсто. Овој раст се случува во услови на дестимулативни каматни стапки за штедење кои во зависност од рокот на штедење и од валутата варираат од 0,3 до 3 отсто. Од официјалните податоци на две од трите големи банки е видливо дека граѓаните се одлучуваат на различни видови на штедење и дека во различни банки, во зависност од нивната деловна политика, пополуарни се депозити по видување или орочени депозити. Соодносот на штедење во денари или во странска валута е речиси изедначен со тоа што блага предност има штедењето во денари и тоа е веројатно заради попримамливи каматни стапки кои банките ги даваат за депозити во нашата национална валута. Македонците најмногу чуваат во „Комерцијална банка“, а најмногу пораснала довербата во НЛБ  Податоците од годишните извештаи покажуваат дека граѓаните најмногу пари чуваат во „Комерцијална банка“ и тоа 61,3 милијарди денари. Таа банка лани во споредба со 2014 година има раст на депозити на граѓани во износ од 2,4 милијарди денари. Најголем процентуален и апсолутен раст на депозитите има НЛБ. На крајот на 2015 година кај неа се депонирани 41,1 милијарди денари што претставува раст од 7 отсто односно 2,7 милијарди денари во однос на крајот на 2014 година. „Стопанска банка Скопје“ е на второ место на листата. Таму домаќинствата чуваат 52,8 милијарди денари (856,1 милиони евра) на крајот на 2015 година. Во споредба со 2014 година кога нивото било 52,5 милијарди денари (851,5 милиони евра) растот е 4,6 милиони евра односно 0,5 отсто. ZASTEDI  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката