Масивна даночна реформа ги очекува САД, Трамп го „удри“ потписот
Објавено во: Свет 23 Декември, 2017
Американскиот државен шеф, Доналд Трамп, денес потпиша нацрт-закон за големи даночни реформи во САД, пренесуваат светските новински агенции. Со ова, претседателот го исполни неговото предизборно ветување за радикално менување на системот.
Тековните промени вклучуваат намалување на даноците, како и некои други измени на даночниот законик. Тие беа прифатени од страна на Конгресот претходно оваа недела. Работата на законот завршува со потписот на Трамп. Мерките допрва треба да се стават во функција.
Според Трамп, мерката ќе и овозможи на земјата да врати 4 трилиони долари, што Американците на друг начин ги држат во офшор поради високите даночни стапки.