19 Декември, 2025
0.0404

МАСОВЕН КРИМИНАЛ: Кој им ги краде велосипедите на Скопјани?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018 11:29

Добивај вести на Viber

Масовни кражби низ главниот град. Криминалот со велосипеди цвета а надлежните барем засега не даваат некој резултат во пронаоѓање на крадците.

Се краде од подруми, дворови, заклучени простории, ходници па и без срам од центарот на градот. Граѓаните се жалат.

„Го украдоа од пред зграда кај Дувет хотел, Центар, Скопје.Нема вакво жолто цвеќе, има мали бели. И расипано динамо, скината сајла за брзини, згужвани педали, искривена корпа. Ама јас си го сакам“ ...

„Апелирам за внимание. Ноќва во Карпош (1) оперира некој изгледа.
Покрај кучето (кое намерно го пуштиле надвор), заклучена дворска порта и сите ние дома, влегле и успеале да го украдат на татко ми точакот“.“

„Вчера вечер украден од Илинденска 48, заедно со мојот најгрд точак Kettler. Откако ја направив групава ова е 4ти точак што ми го крадат. Уредно пријавено во полиција за да ја билдаме статистиката. Можеби ќе им текне да посветат внимание на ова прашање.“...

„Ноќеска од зграда во Аеродром, од трети кат е украден точак. Точакот беше заврзан за цевките од парно, сајлата најверојатно е пресечена, Ист е како на сликата подолу со таа разлика што има плус браници а особено е приметлив задниот браник, прилично е високо поставен, како опаш“ - Ова се дел од објавите на Фејсбук страницата Украдени точаци каде постојано се постираат фотографии и објави за украден велосипед.

„Јас мислам дека кражбиве на убави и пред се брендирани и скапи точаци е шема, дека некој ги откупува и ги шверца на Косово или др место каде се продаваат“ - вели еден од коментарите на социјалните мрежи .

Фактор на оваа тема пишуваше неодамна. Од Министерството за внатрешни работи велат дека од јануари до септември 2018 година регистрирани се вкупно 642 кривични дела “кражба“ на велосипеди. Дел од овие кривични дела се расчистени, а за дел се превземаат мерки за нивно целосно расчистување.

Крадците најчесто не се пребирливи за марката на точакот, односно дали тој вреди илјадници евра или пак многу помалку.

Многу од граѓаните коментираат дека голем дел од велосипедите што се наоѓаат на познатиот Канта пазар се крадени, потоа префарбани и се продаваат, па ни самиот сопственик на точакот може да се случи да не си го препознае својот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината