Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024
Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје
Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје.
Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“,
„Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување - живот“.
Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот
на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1ноември.
Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.