16 Декември, 2025
0.2522

Масовни протести ќе ја блокираат Грција на 1 мај

Објавено во: Балкан 30 Април, 2015 19:01

Добивај вести на Viber

Во Грција се зголемија безбедносните сили за контрола на сообраќајот пред викендот, забрането е движење на товарни возила. Во исто време, поради штрајк се укинуваат летови, се очекува и прекин на поморскиот транспорт.

Почнува тричасовен штрајк на авиодиспечерите, кои го затвораат небото над Грција. До 16.00 часот денеска се откажани сите летови од и кон аеродромите во земјата, откажани се и летови во доцните попладневни часови. Тоа е предупредување за запирање на работа во знак на протест против недостигот на персонал и нерешените проблеми во воздухопловството, соопштија од синдикатот.

Застануваат и возовите. Железничарите учествуваат во вкупниот првомајски штрајк, а утре нема да се движи ниту еден воз. До полноќ денес се движат само неколку возови по главните насоки.

Пристаништата се полни со патници, кои имаат можност да се качат на траект само до крајот на денот. Морнарите ги затвораат пристаништата за 24 часа, и реално го блокираат пристапот до островите. Се подготвуваат масовни протести утре.

Сообраќајната полиција е со зголемен број тимови за контрола на патниот сообраќај. Во сила е забрана за движење на камиони.

Утре ќе има протести во цела Грција. Продавниците исто така нема да работат.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата