16 Декември, 2025
0.0470

МАСОВНО ТРУЕЊЕ СО МЕСО НА СКАРА, ПОВЕЌЕТО СЕ ДЕЦА: Гостите се затруле на домашна слава во Прилеп

Објавено во: Македонија 04 Август, 2021 11:43

Добивај вести на Viber

Дел од објектот на месарницата „Харизма“ во Прилеп кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен со лента од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако надлежните се сомневаат дека токму од таму е месото на скара со кое се затруле гости на домашна слава.

12 Пацинети, од повеќето се деца, кои побарале помош во прилепската болница се пожалиле на болки во стомакот и повраќање, по што биле итно третирани.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, за Фактор посочува дека уште во тек на вчерасниот ден ДСЗИ заедно со инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог и техничари од Центарот за јавно здравје-Прилеп изврши вонреден инспекциски надзор во месарницата „Харизма“.

-По добиено известување од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп по добиена пријава за сомневанје за труење со храна (приготвено месо на скара), на 2.август во Инфективно одделение при ЈЗУ ОБ Прилеп се примени во дневна болница 12 лица, со симптоми на труење со храна. При надзорот се земени брисеви од жива и нежива средина и мостра од храна. Дел од објектот кој е наменет за подготовка на производи од месо на скара е затворен и со лента од страна на ДСЗИ. Истиот ќе остане затворен се до добивање на резултати од земениот материјал, посочува директорката на ДСЗИ, Бухова.

Инаку, на сите пациенти им е дадена соодветна терапија и тие веќе се на домашно лекување.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“