МАСОВНО ВРАБОТУВАЊЕ ВО „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ - во јавното претпријатие ќе се примаат дури 407 лица!!! Еве што се бара
Објавено во: Македонија 02 Март, 2023 13:23
Масовно вработување се спрема во Македонски шуми. Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници, и тоа е огромна бројка на нови вработувања.
Имено, јавното претпријатие Македонски шуми ќе прима дури 407 лица. Огласот за вработување е распишан на веб страницата на Македонски шуми.
На него стои дека ќе се заснова работен оглас на определено време за дури 407 лица, а тоа треба да се случи до крајот на оваа година.
Врз основа на член 37 од Законот за јавните претпријатија и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор како и член 22 став од Законот за работни односи и „Службен весник на Република Северна Македонија“, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време со 407 лица до 31.12. 2023 година“, се вели во огласот.
Наведените работни места се во групата на даватели на јавни услуги, за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови, и тоа степен на образование нк, ссз, ссс, а можат да имаат но и не мора работно искуство.
Тие ќе земаат плата од по 18 илјади денари, што сега е речиси колку и нивото, односно пониска од минималната плата.
„Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи. Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 18.000 денари, за работно место Дотурач изнесува 18.000 денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 18.000 денари и за Шумски работник (редач, утовар и пошумување и шумски производи) изнесува 18.000 денари“, се вели во огласот.
Неделно работно време за овие работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана, се вели во огласот.
Според медиумски информации кои можат да се најдат на интернет, Македонски шуми има дури 3.000 вработени.Ова јавно претпријатие отсекогаш се сметало дека служи како база за серија масовни партиски вработувања.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




