Маж во Битола е уапсен со нож на улица - се заканувал со видео на социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2022
Битолчанец се заканувал на социјални мрежи, a потоа го фатиле со нож на улица, соопшти полицијата.
На 7 септември околу 18.00 часот, пријавениот на свој профил на социјална мрежа, објавил видео запис со заканувачка содржина кон Н.Ѓ.(57) од Битола и кон други лица, а околу 16.00 часот е пријавено дека во Битола, на улица „Васко Карангелески", пријавениот носел нож. Полицајците го привеле.
Битолската полиција поднесе кривична пријава против В.Р.(39) од Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста".