Добивај вести на Viber
Наследување на семејниот бизнис (н)е е лесна задача!
Синовите и ќерките на успешните татковци или мајки се задолжуваат со огромни одговорности поврзани со менаџирање на вработените и наследениот капитал, но многу повеќе имаат одговорност кон креирање стратегии за раст и надминување на постигнатото од страна на нивните родители.
Токму овие менаџмент предизвици се тема на 3тиот MBA Macedonia настан. Темата на настанот е со наслов “Втора генерација успешни менаџери” и ќе имаме можност да запознаеме менаџери што успешно го продолжиле наследството од своите родители и успеале да креираат раст за своите компании.
На овој настан, своето искуство ќе го споделат врвни менаџери и истакнати професионалци во нивните индустрии:
• Марта Наумовска-‐Грнарова – генерален менаџер на ЗАВАР Компани
• Александар Ивановски -‐ извршен менаџер на Бонум
Настанот е закажан за 11 декември, 19 часот во клуб ресторан МКЦ.
Не заборавајте да понесете:
• бизнис картичка или линк до ваш веб профил
• позитивна енергија
• желба за дружење