22 Април, 2018
0.1716

McDonald's продава 80% од бизнисите во Кина и Хонг Конг

Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2017

Американскиот синџир ресторани за брза храна McDonald's продава 80% од својот бизнис во Кина и Хонг Конг, како дел од планот да ги прошири своите франшизи за рестораните по целиот свет, пишува BBC.

Кинеската државна инвестициона група Citic и американскиот приватен инвестициски фонд Carlyle Group ќе ја преземат контролата на операциите по договорот вреден 2,1 милијарди долари.

McDonald's поседува и управува околу 65% од своите 2000 објекти во Кина, а франшизата му овозможува на синџирот да прибира дел од приходите од продажба, а во исто време ги намалува оперативните трошоци.

Синџирот за брза храна се обидува да ги насочи своите глобални операции, а промената на сопственичката структура е суштински дел од оваа реконструкција.

Во март минатата година компанијата објави дека бара партнери кои ќе и помогнат за отворање на уште 1.500 ресторани во Кина, Хонг Конг и Јужна Кореја во следните пет години.

Според договорот потпишан во понеделникот, американскиот синџир за брза храна ќе задржи 20-процентен удел во кинескиот бизнис. Citic ќе поседува 52% од него, додека Caryle добива 28%.

Ривалот Yum Brands, сопственик на KFC и Pizza Hut, исто така го реструктуира својот бизнис во Кина.

И двата бренда се соочуваат со зголемената конкуренција на поевтини локални ресторани, особено во Кина.

Можеби ќе ве интересира

МИКРОФОНОТ ГО ЗАМЕНИ СО НИВА: Од пејач на „Бијело дугме“ до одгледувач на лешници

МИКРОФОНОТ ГО ЗАМЕНИ СО НИВА: Од пејач на „Бијело дугме“ до одгледувач на лешници

Тевдовски бара 35 милиони долари за нови градинки

Тевдовски бара 35 милиони долари за нови градинки

ВОРЕН БАФЕР, ЏЕК МА, МАРК ЗАКЕРБЕРГ: Колку време им требало од милионери да станат милијардери?

ВОРЕН БАФЕР, ЏЕК МА, МАРК ЗАКЕРБЕРГ: Колку време им требало од милионери да станат милијардери?

За десетина дена првиот повик за 50-те милиони евра за мали и средни претпријатија

За десетина дена првиот повик за 50-те милиони евра за мали и средни претпријатија

Се здружија 15 банки од Македонија

Се здружија 15 банки од Македонија

Тевдовски и Богов во Вашингтон

Тевдовски и Богов во Вашингтон

Јадранот за летување поскап од Шпанија, Малта и Грција?

Јадранот за летување поскап од Шпанија, Малта и Грција?

Популарниот Netflix нуди работа од соништата: Да гледате серии и да бидете платени за тоа

Популарниот Netflix нуди работа од соништата: Да гледате серии и да бидете платени за тоа

Германски аеродром бара работници

Германски аеродром бара работници