Мециновиќ: Левица предлага горна граница за кирии, поддршка при купување дом
Објавено во: Финансии 30 Јули, 2025 14:12
Горна граница за кирии, поддршка при купување дом, ваучери за неформална родителска грижа, флексибилно работно време за млади родители и бесплатен јавен превоз, се само дел од пакетот предлог - закони што го предлага Левица, за подобар живот на младите и спречување на нивно иселување. За нив денеска на прес-конференција информираше пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој го претстави новиот пакет предлог - закони на пратеничката група на Левица, што се однесуваат на млади и родители.
„Денеска во Собранието, Левица ќе го поднесе најсериозниот, најобемниот и најсистемскиот пакет - закон за млади, во историјата на Собранието на Република Македонија. Овој пакет закони го имаме конципирано заедно со помош и во комуникација со јавноста и младите кои најдобро ги знаат своите проблеми. Овој пакет закони произлегува од апсурдната понуда на Владата за воведување на данок на немажени и неженети. И во ситуација на апсурдни предлози од Владата, ние како опозиција сметавме дека треба да се обратиме кон младите и тие навистина да ни посочат кон какви предизвици треба да се фокусираме како Собрание и која институционална помош е потребна на нашите млади. По над сто предлози што ги добивме од младите во изминатиот период, ние конципиравме иницијален пакет од шест закони што веруваме дека ќе овозможат подобри услови за формирање на семејство и за стапување во брачна заедница“, истакна Мециновиќ.
Најголемиот број од предлозите што ги добиле, се однесувале на проблемот со домувањето.
„Домувањето е во суштина и најголемиот проблем за младата генерација и прва причина за иселување на нашите млади од државата. Затоа, во овој пакет закони што има цел да ги олесни условите, предлагаме закони за достоинствен живот за младите во Република Македонија и подобри можности за нивна егзистенција“, нагласи тој.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




