15 Мај, 2024
0.0332

МЕДИУМИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Скопје е подготвено за посетата на папата Франциск

Објавено во: Балкан 07 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Медумите од регионот свртени кон Апостолската посета на папата Франциск во Северна Македонија. Голем дел од медиумите од регионот пишуваат за денешната историска посета на поглаварот на Католичката црква во нашата земја,но и голем дел од нив ќе ја следат неговата посета дирекно од главниот град Скопје.

„Поглаварот на Католичката црква папата Франциск денес ќе го посети Скопје. Организацискиот одбор за посетата на папата изјави дека сите подготовки за Франциск се завршени и дека безбедноста е на највисоко ниво“, пишува Алџезира.

„Скопје е подготвено за историската посета на папата Франциск. Владата на Република Северна Македонија го прогласи за неработен ден 7 мај на територијата на град Скопје, по барање на граѓаните во земјата. Нема да работат основните и средните училишта, како и државната и јавната администрација. Исто така од Владата им препорачаа и на приватниот сектор да го направи неработен ден, но тие сами ќе одлучат дали приватните фирми ќе работат“, пишува бугарскиот медиум 24 часа.бг

„ Шефот на Католичката црква, Неговата светост Папата Фрањо е во историска посета на Скопје. Според програмата папата Франциск треба да оддржи миса на плоштадот, кадешто се очекува да присуствуваат повеќе од 15.000 луѓе. Безбедносните мерки се на високо ниво и се ангажирани сите институционални и безбедносни капацитети за да ја направат оваа посета непречено“, пишува новинската агенција ИНА од Албанија.

Северна Македонија е 42 земја што Папата Францис ќе ја посети откако беше назначен на чело на Римокатоличката црква во 2013 година.
Според претходните соопштенија, шефот на Римокатоличката црква доаѓа во Северна Македонија со 30-члена висока делегација по дводневната посета на Бугарија, пишуваат медиумите од регионот.

На еднодневната посета поглаварот на Католичката црква ќе биде придружуван со повеќе од 400 медиумски екипи од земјата и светот.


Можеби ќе ве интересира

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор