19 Декември, 2025
0.0575

Меѓусебни инциденти и тензија на синоќешниот протест на „Бојкотирам“

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2018 08:49

Добивај вести на Viber


На синоќешниот протест на „Бојкотирам уставни промени“ пред Собранието за малку бил избегнат инцидент меѓу организаторите и дел од присутните, објави „Магазин“, кој важи за близок медиум до опозицијата.

Имено, тензијата избила откако присутни се обиделе да се качат на бината и да се обратат пред присутните, но не им било дозволено од организаторите затоа што не биле најавени на агендата.

Претставници и претседатели на Христијанско братство и Единствена Македонија, меѓу кои Јанко Бачев, Жарко Гроздановски и Драган Угриновски како и Страшко Олумчев, претседателот на Семакедонскиот национален совет но и фракционерот на ВМРО – ДПМНЕ, Филип Петровски, сакаа да држат говор, но редарите и дел од организаторите не им дозволиле.

Тие неколку пати се обидуваче да се пробијат низ толпата, но постојано биле спречувани, а за време на обраќањата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, актерката Арна Шијак, Солза Грчева и Љупчо Палевски постојано дофрлуваа навредливи коментари и обвинувања на сметка на говорникот како еден од главните организатори со обвинувања дека вечерта го поделил народот.

Во вербалната пресметка пред бината, фоторепортерите и снимателите беа истуркани.

Пред Собранието на Република Македонија синоќа заврши протестот во организација на движењето „Бојкотирам уставни промени“ преку кој беше побарано, меѓу другото, стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија. 

Учесниците најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија се додека не се исполнат поставените барања. Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржале македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица