15 Декември, 2025
0.0425

МЕНТАЛИТЕТ ИЛИ НЕМАЊЕ ПАРИ: Зошто младите доцна заминуваат од домот на родителите?

Објавено во: Економија 26 Мај, 2020 07:23

Добивај вести на Viber

Младите Македонци живеат во заедница и во премали домови.

Податоците на Евростат покажуваат дека 51 отсто од младите до 30 години живеат во заедница во многу мали живеалишта.

Нашата земја е меѓу државите каде е најголем бројот на граѓани кои живеат во домови со мала квадратура. 

Податоците од Евростат, покажуваат дека живеењето во премали домови е најчеста појава на Балканот. Во иста група заедно со Македонија, се и Србија, Романија и Бугарија. Просекот во Европската Унија покажува дека дека 17 отсто од луѓето живеат во недоволен простор. 

Социологот Татјана Филиповска вели дека тоа што младите живеат во заедница се должи на традицијата, менталитетот и на економскиот статус.

„Кај нас традиционалните врски се многу силни, и затоа се продолжува таа адолесценција, односно се одлага зрелата доба, или осамостојувањето на младите. Родителите постојано водат грижа за децата, да им помогнат, дури и кога се возрасни и кога ќе оформат семејства. Можеби кога би биле економски развиена земја, со многу мал број на невработени, тоа ќе се смени, и младите ќе живеат самостојно. Доколку некој е невработен, секако дека е зависен и останува во домот на родителот“, додава Филиповска.

Претходните години, податоците на Евростат покажуваа дека Швеѓаните најбрзо се осамостојуваат, односно заминуваат од домот на родителите пред да наполнат 20 години. На ниво на ЕУ мажите подоцна заминуваат од родителскиот дом отколку жените. 

Aко споредиме со податоците објавени во 2019 година, младите во Европската унија во просек го напуштале родителскиот дом во 26. година, а кај „тато и мама“ и тогаш најдолго останувале Македонците, Србите, Хрватите, како и Италијанците и Словаците, кои се одвојуваат од родителите дури откако ќе зачекорат во четвртата деценија, покажа истражувањето на Евростат.

Младите во Луксемург, Естонија, Холандија, Германија и Франција со 

со самостоен живот почнувале на 23-24 годишна возраст, а Грците, Шпанците, Португалците и Бугарите околу 29. година од животот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети