МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема за 1,87 милиони евра
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2016 12:47
МЕПСО денеска склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа. Ова е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите: „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска. По тој повод договорот за набавка денеска во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра.
Со овој договор се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 kV и 110 kV преносна мрежа на АД МЕПСО.
Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа: реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските аликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




