14 Мај, 2024
0.0250

МЕРКА: НБМ ги намалува трошоците на банките, се ослободуваат пари за кредитирање?

Објавено во: Финансии 28 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Само еден месец откако беше регистриран јулски пад на вкупната депозитна база, Народната Банка донесе одлука со која ги ослободи деловните банки од задолжителната резерва за денарското штедење со рочност над 1 година. Од НБМ сметаат дека на ваков начин ќе се поттикне  подолгорочното штедење на домаќинствата во домашна валута но и дека ќе се создаде простор за засилување на кредитната активност кај банките. “Со измените се врши намалување на стапката на задолжителната резерва за обврските на банките кон физички лица во домашна валута со договорна рочност над една година, од 8% на 0%, со што овие обврски добиваат ист третман како и обврските над две години, за кои веќе се применува стапка 0% од 2012 година. Имајќи предвид дека со измената банките се ослободуваат од задолжителната резерва за депозити на физички лица во денари со рочност повисока од една година, се очекува оваа мерка соодветно да влијае врз поголема понуда на штедни производи во денари со стимулативни каматни стапки“, соопштуваат од Народната Банка. Според првичните оценки на економистите, се работи за потег кој е во насока на олабавување на монетарната политика. На ваков начин, според експертите што ги консултираше “Фактор“, монетарната власт ги намалува трошоците на банките, со што ќе се ослободат пари кои досега се врзани по основ на задолжителната резерва. Сепак, посочуваат економистите останува да се види дали деловните банки ќе ги следат овие сигнали, преку можно зголемување на каматите за долгорочното денарско штедење и дали ослободените средства ќе бидата пласирани за кредитирање или пак ќе завршат пасивно вложени во благајнички или владини хартии од вредост. Последните  податоци за штедењето покажуваат дека во јули во однос на јуни е регистрирано намалување на вкупната депозитна база. Имено, салдото на депозитите во јули изнесувало 4,65 милијарди евра и за еден месеци, или во однос на јуни е намалено за 47 милиони евра. Вкупни депозити: Јули  4 658 601 626 Јуни   4 705 756 097 Според анализата на НБМ, ова јулско намалување е резултат на повлекувањето на депозитите на компаниите. Стапката на раст на шедењето изнесувала 7,4%, што е помалку во однос на проекцијата. “Во однос на депозитниот потенцијал, податоци со јули покажуваат нивно намалување, коешто е резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Од друга страна, по двомесечното намалување, депозитите кај домаќинствата во јули забележаа раст, најмногу поттикнат од штедењето во домашна валута. Овие поместувања сигнализираат постепено исцрпување на неповолните ефекти врз довербата на населението од зголемената неизвесност во домашното и надворешното окружување. Сепак, остварувањата кај вкупните депозити со јули се послаби од проектираните, при што на крајот на јули вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 7,4%, додека проекцијата за крајот на третиот квартал предвидува раст од 9,5% на годишна основа“, соопштија од Народната Банка на Македонија. Податоците укажуваат дека во јули има пад и кај денарското и кај девизното штедење. Вкупни депозити: Денарско штедење: 2 743 756 097 Девизно штедење:  1 914 845 528 И натаму, во валутната стуктура, депозитите во денари доминараат , одноосно  учествуваат со скоро 59% од вкупната депозитина база. Заклучно со јули, вкупната заштеда на граѓаните изнесувала 3,36 милијарди евра додека. Депозитите на фирмите во јули изнесувале  995 милиони евра, или за 65 милиони евра помалку во однос за јуни. Со ова, депозитната база на компаниите   се спушти под една милијарда евра, на најниско ниво од почетокот на годинава. Показателите упатуваат на тоа дека вкупната  депозитната база и натаму расте, иако со забавана динамика во јули, со што таа веќе значајно ја надмина кредитната исложеност на банките, Вишoкот на ликвидни средства, главно се врзани за државни и за благајнички записи од вредност Во пакет со измените за задолжителната резерва, НБМ соопшти дека се направени и измени на Одлуката за благајнички записи. “Со неа се предвидува приспособување на механизмот на учество на аукцијата на благајнички записи на Народната банка, каде што основен критериум ќе биде поединечното учество на банките во вкупните обврски во домашна валута без валутна клаузула на банкарскиот систем. Со измените, Народната банка го задржува континуитетот на поддршка на штедењето на физичките лица во домашна валута и на подолг рок, што им остава простор на банките за активна кредитна поддршка на приватниот сектор“, велат од НБМ. Колку и како деловните банки ќе ги следат овие сигнали, допрва ќе се види.

Можеби ќе ве интересира

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута