Меркел: На Грција треба да и се даде повеќе време за излез од кризата
Објавено во: Балкан 14 Август, 2013
Германската канцеларка Ангела Меркел во емисијата „Форум Политик“ на германската телевизија „Фоникс“ зборуваше за актуелните политички и економски односи во Европа и светот и нагласи дека на Грција треба да и се даде повеќе време за излез од финансиската криза.
Меркел истакна дека јакнењето на конкурентноста меѓу европските земји е важен фактор за создавање стабилна и просперитетна Европа. Германската канцеларка нагласи дека солидарноста со земјите кои се соочуваат со економска криза, како што е солидарноста што ја покажува Германија, се важен фактор за решавање на проблемите.
Во однос на наводната американска шпиопнажа во Германија, Меркел изјави дека во германскиот парламент се сложни во однос на прашањето за зајакнување на германската тајна служба, како и дека е во тек истрага за ваквите тврдења.
Германската канцеларка нагласи дека се уште важи договорот од 2002 година потпишан меѓу германската разузнавачка служба и американската НСА, додавајќи дека е неопходно воспоставување заеднички систем за заштита на податоците во Европа.
Лидерката на германката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Меркел, ги негираше тврдењата на некои медиуми дека планира да се повлече од политичката сцена во 2016 година и нагласи дека со сите сили ќе излезе на следните избори