МЕСТО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ ВО 2024 ГОДИНА: Хрватски остров доби многу пофалби

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2024 19:40
Хрватски остров се најде на листата на места кои треба да се посетат во 2024 година.
Хвар е најдобро да се посети во мај и јуни, како и септември и октомври.
Магазинот „Форбс“ објави листа со европски дестинации кои треба да се посетат во 2024 година, а првото место го зазеде Хвар. Опишан е како најсоодветен за туристите затоа што на Хвар секој може да најде нешто за себе. Има добри ресторани, бурен ноќен живот, велнес-центри. На оние што не се заинтересирани за врева и метеж, им се препорачува да се упатат кон внатрешноста на островот и да ги посетат лозјата и полињата со лаванда.
Понатаму се наведува дека до Хвар може да се стигне со траект или катамаран од копното на Хрватска и со редовни автобуски линии од Сплит, Дубровник и други крајбрежни градови.
На второ место се Надворешни Хебриди. Тоа е архипелаг кој се наоѓа западно од брегот на копното на Шкотска.
На трето место е островот наречен Стромболи, кој се наоѓа во Италија. Овој остров е всушност вулкански конус.Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ЌЕ КУПИ 12 АВИОНИ „РАФАЛ“: Државата се задолжува со 1,9 милијарди евра

РАМА ГО ОДБИ СТАРМЕР: Не сака камп за мигранти во Албанија

(ВИДЕО) СЛОВЕНЕЧКИ ПРАТЕНИК СЕ КАЧИ НА ПОКРИВОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ: Се закануваше дека ќе скокне

РАМА НА КОЛЕНА ЈА ДОЧЕКА КОЛЕШКАТА МЕЛОНИ - срдечен пречек за италијанската премиерка

СНЕГ ПАЃА КАКО ДА Е ЗИМА! Србија побеле во средина на мај

НАЈПОПУЛАРНОТО ОДМОРАЛИШТЕ ОД ЈУГОСЛАВИЈА СЕ РЕКОНСТРУИРА: 30 години беше заборавено, сега се враќа во живот

(ВИДЕО) КОСОВО: Полицијата упадна во спортската сала во Косовска Митровица

КОШТА ЗА АЛБАНИЈА: Ако продолжи со овие резултати, можно е да биде член пред 2030 година
