МЕТЕЖ И НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДОЈРАН - колони возила трпеливо чекаат да заминат за Грција
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024
Во екот на годишните одмори и најавените екстремно високи температури и за овој викенд, многумина веројатно решија да земат еден слободен ден и викендот да го стартуваат еден ден порано, иако денеска е петок и.
Се разбира, голем број од граѓаните не одат на викенд, туку можеби денеска го започнуваат својот годишен одмор, а тука се и српските граѓани, кои исто така најмногу своето летување го поминувбаат на грчките плажи.
Од тие причини, покрај метежот на Евзони, многумина решија да ја преминат границата преку граничниот премин Дојран, каде што исто така се создадоа колони возила.
Фотографии од метежот на Дојран објавија граѓани на фејсбукл страницата Грчка инфо, наменета токму со цел да се споделуваат информации на сите оние кои решиле летните одмори да ги поминат во Грција.