МФ и Наумов се скараа околу лимитот на задолжувањето: Надминат е или не е?
Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2016 15:35
Министерството за финансии реагира на обвинувањата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој упати ургенција до Министерот за финансии со барање за свикување на итна седница на Владата на РМ со цел усогласување на Одлуката на Владата на РМ со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредностза 2016 година, со Буџетот на РМ. Согласно Законот за јавен долг член 18 став 4 државните хартии од вредност ги издава Министерството за финансии врз основа на Одлука на Влада со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување.
Од МФ се правдаат дека аукциите се прават согласно законот, дека Владата на почетокот на годината носи одлука за МАКСИМАЛНИОТ износ за аукции на државни хартии од вредност, се вели во соопштението на Министерство за финансии а Наумов го обвинија дека шири невистини.
Тоа е МАКСИМАЛНИОТ лимит кој не смее да се надмине. Сепак сумата на издадените хартии од вредност може да биде помала од овој лимит во согласност со износите на буџетот, се додава во соопштението. „Со ребалансот износот на аукции на државни хартии од вредност не е зголемена, туку е намалена – значи таа е во рамки на одлуката на Владата за максимален износ. Со оглед дека со аукциите годинава се издадени државни хартии од вредност кои се неколкукратно помали од лимитот предвиден и со одлуката на Владата и од лимитот предвиден со ребалансот – што може секој граѓанин да го провери на веб страната на Министерството за финансии, очигледно е дека соопштението на Наумов е со политичка цел, односно да алудира дека Министерството работи неправилно и непрописно како би добил одредени политички поени во овој период“, завршува соопштението на МФ.
„Министерството за финансии потврди дека се задолжува врз основа на Одлука на Владата за максимално задолжување чиј износ е поголем од износот утврден со Буџетот за 2016 година. Со тоа министерството потврди дека го прекршува членот 51 од Уставот на РМ во кој е наведено дека подзаконските прописи мораат да бидат усогласени со Уставот и со законите. Заради тоа побарав итна седница на Владата на која ќе се промени износот утврден во Одлуката на Владата и тој ќе биде во рамките на тоа што е пропишано со закон, односно со буџетот. Министерството за финансии во својата реакција повторно манипулира со официјалните износи по однос на домашно задолжување. Заклучно со 18 ноември 2016 година износот на домашното финансирање по основ на ДХВ изнесува 9.435.000.000 денари и за една милијарда денари над износот утврден со буџетот. Тоа јасно потврдува дека со до сега реализираните аукции на ДХВ е надминат лимитот утврден со буџетот на РМ. Повторувам дека под итно мора да се усогласат подзаконските прописи со законот, за да не биде доведена во прашање законитоста на аукциите на државни хартии од вредност што ќе се одржат до крајот на 2016 година. Клиентите на домашниот финансиски пазар не смеат да бидат ставени во ситуација да учествуваат во незаконски распишани аукции на ДХВ и со тоа да бидат ставени во ризик нивните пласмани. За тоа кој ја кажува вистината потврда е самата Одлука на Владата и извештајот за состојбата на трезорската сметка заклучно со 18 ноември 2016 година“, стои во дописот на Наумов до медиумите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





