МФ: „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет
Објавено во: Финансии 30 Јули, 2025 10:31
Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што според Министерството за финансии е потврда и за политиките на Владата, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање.
Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува приоритет на Владата.
- Во извештајот се наведува дека растот на економијата во оваа година се очекува да биде поддржан главно од потрошувачката на домаќинствата, движен од растот на платите и пензиите, како и од зголемена инвестициска активност, особено во инфраструктурата. При тоа Агенцијата упатува на ризици поради неизвесноста во европската економија како главен трговски партнер на земјата. До 2028 година, Агенцијата проектира дека растот ќе се стабилизира на околу 3 отсто, поддржан од постепено закрепнување на надворешната побарувачка и засилување на инвестициите - потенцираат од Министерството за финансии.
Потоа додаваат дека во извештајот е истакнато оти Владата продолжува со напорите за спроведување институционални реформи, борба против корупцијата и владеење на правото, коишто се и клучни предуслови за интеграција во ЕУ.
- „Стандард и пурс“ истакнува дека економскиот раст за Владата останува главен приоритет, со цел за остварување раст до 5 отсто на среден рок, поттикнат од реализација на амбициозни инфраструктурни проекти како што се Коридорот 8 и 10д и зголемени инвестиции во приватниот сектор.
Потоа поефикасна наплата на даноци, како и понатамошно зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор за поддршка на домашната побарувачка. Посочува дека јавната потрошувачка останува експанзивна и упатува на спроведување фискална консолидација, при што потенцира дека со усвоениот ребаланс е потврдена целта за буџетски дефицит во 2025 на 4 проценти од БДП.Според Агенцијата со Фискалната стратегија е утврдена постепена фискална консолидација, но Агенцијата очекува одредени ризици со остварување на проекциите.
Приходите од почетокот на годината до мај бележат раст од 9 проценти на годишно ниво, водени од поголема наплата на данокот на личен доход, зголемени приходи од акцизи, како и раст на неданочните приходи. На страната на расходите, потрошувачката во истиот период бележи раст за 5 отсто, како резултат на растот на платите во јавниот сектор, тековните расходи и социјалните трансфери. Во однос на долгот посочуваат дека и покрај затегнатите глобални финансиски услови, сервисирањето на долгот останува релативно контролирано - појаснуваат од МФ.
Според „Стандард и пурс“, Владата и понатаму е посветена на евроинтеграцијата, процес којшто Агенцијата го истакнува како важен столб за напредок во структурните реформи на среден рок.
Кредитниот рејтинг на земјата „Стандард и пурс“ го оценува два пати во годината.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




