„МИ СЕ СМЕЕЈА КОГА ПРЕДУПРЕДУВАВ, АМА ВЕЌЕ НЕ ИМ Е СМЕШНО“: Трамп сега вели Северен тек може да доведе до нова војна
Објавено во: Свет 29 Септември, 2022
Саботажата што ги
оштети гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ може да доведе до
ескалација или дури и војна, предупреди поранешниот американски претседател Доналд
Трамп.
Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека додека сите зборуваат за големиот ураган што ја погоди Флорида, но оценува ситуацијата околу гасоводот може да има посериозни последици.
„Можеби многу поважен настан на долг рок е објавата дека гасоводите Северен тек 1 и 2 надвор од Русија се саботирани. Ова може да доведе до голема ескалација или војна“, рече Трамп.
Трамп потсети дека за време на неговиот мандат како претседател на САД, тој предупреди колку потпирањето на рускиот гасовод може да и наштети на Германија и другите делови на Европа, пренесе ТАСС.
– Тогаш сите се смееја, но веќе не се смеат – изјави Трамп.
Шведскиот весник „Свенска дагбладет“ денеска објави дека постои и четврто место на оштетување на гасоводите од каде е откриено истекување гас.