МИЧЕЛ ПУКАШЕ ВО ПРАЗНО: Се поизвесни ли се вонредни избори
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 06:45
И по третиот ден од дебатата во парламентот се помали се изгледите дека власта и опозицијата би можеле да постигнат било каков договор за уставните промени согласно Преспанскиот договор за промена на името на Македонија во Република Северна Македонија.
За да се усвојат уставните амандмани потребно е двотретинско мнозинство од вкупно 120 пратеници , а откако ВМРО ДПМНЕ најави дека ја напушта расправата, изгледите да се добијат 81 пратенички глас изгледа како „невозможна мисија“. Новите вонредни парламентарни избори во државата затоа стануваат се поизвесни, сметаат експертската заедница.
Дека опозицијата останала цврсто на ставот дека за нив договорот со Грција е неприфатлив јасно е од одговорот кој лидерот Мицкоски му го упати на американскиот претставник Вес Мичел. Имено, Мицкоски порача дека за ВМРО ДПМНЕ е неприфатливо неговото барање да го поддржат Преспанскиот дговор. На Мичел му порача дека и за пропаѓањето на договорот со Грција не е одговорна опозицијата туку владата на Заев. СДСМ пак, остро реагираше на одговорот на Мицкоски.
Во соопштението од СДСМ се наведува дека Мицкоски во очи на демократскиот свет е „срам за Македонија“ , како и дека не се разликува од својот претходник, екс премиерот Никола Груевски. Во СДСМ велат дека е очигледно оти Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
„Ако продолжат да ја блокираат иднината на Македонија, во наредните денови, парламентарното мнозинство ќе распише вонредни парламентарни избори“, порачаа од владеачката партија.
Исто така, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ одлучи да се исклучи од парламентарната дебата за уставни промени, бидејќи смета дека граѓаните се против промена на името.
Првата жртва на Преспанскиот договор е грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој , поради тој договор поднесе оставка. Премиерот Алексис Ципрас таа оставка ја прифати. Каменос, кој е и лидер на партијата Независни Грци, помалата членка на владеачката коалиција во Грција, исто така се противи на усвојување на Преспанскиот договор.
Коѕијас, го стави потписот на Преспанскиот договор од грчка страна, додека од македонска се потпиша неговиот колега Никола Димитров. Откако ја прифати оставката, Коѕијас, Ципрас на новинарите им кажал на парламентарните партии во Македонија да гласаат за дговорот, бидејќи Грција, како што потенцирал нема да дозволи членство на Македонија ниту во една меѓународна организација под името „Република Македонија“.
И.С.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




