Мицкоски: Ако го промениме седиштето, ќе плаќаме кирија
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето денешно интервју за Дојче Веле изјави дека најголемата опозициска партија не планира да го промени седиштето, односно да се отсели од палатата „Христо Татарчев“ затоа што ќе треба да плаќа кирија.
На забелешката дека „Белиот дворец“, како што го нарекуваат партиското седиште, е контроверзно изграден и добиен како имот од кој партијата треба да се дистанцира физички, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема оари колку пто има власта.
- И да сакам да не седам тука, не можам, затоа што е замрзнат имотот, не располагам со него, јас сум гостин овде. Немаме можности за да се преселиме, затоа што не водиме Луј Витон куфер-политики, а со финансиските можности кои ги имаме на располагање - невозможно е. Треба да плаќаме кирија за такво нешто, вели Мицкоски.
Мицкоски не сакаше да открие колкави комунални сметки месечно плаќа ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека е поисплатливо и со тие суми да се остане на истото место, отколку да се направи преселба и да се плаќа кирија.